
Поранешниот капитен на Уругвај, Диего Лугано, тврди дека некои француски фудбалери се радуваат на отсуството на Карим Бензема на Светското првенство во Катар.
Најдобриот светски фудбалер го пропушта Мундијалот поради повреда.
„Сигурен сум дека некои француски фудбалери се среќни што Бензема нема да игра на Светското првенство. Знам за што зборувам, бидејќи бев соиграч на некои француски фудбалери, кои се среќни што Бензема нема да биде во тимот“, изјави Лугано.
Лугано играше за репрезентацијата на Уругвај од 2003 до 2014 година
„Тоа што се случува во француската репрезентација никогаш не би се случило во Уругвај, Бразил или Аргентина. Се зависи од начинот на кој селекторот ќе го одбере и состави тимот. Селекторот мора да води сметка за профилите на играчите, но не само за техничките предиспозиции, туку и за карактерните црти на играчите“, додаде Лугано.
Освен Бензема, Мундијалот поради повреда ќе го пропуштат и Погба, Канте, Нкунку, Кимпембе и Мањан.
На Светското првенство во Катар, Франција е во групата Д со Данска, Австралија и со Тунис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
