
Англија оствари убедлива победа (6-2) над Иран и на одличен начин го започна походокот на Светското првенство во Катар. Мечот траеше необично долго поради повредата на првиот голман на Иран, Алииреза Беиранванд, кој го скрши носот по судир со свој соиграч. Вториот дел исто така имаше необично долго продолжение.
Џуд Белингем во 35.минута ја доведе Англија во водство и стана вториот најмлад стрелец во историјата на гордиот Албион, веднаш зад Мајкл Овен. Вториот гол беше дело на Бакајо Сака, а третиот гол го постигна Рахим Стерлинг.
Во второто полувреме Бакајо Сака го постигна својот втор гол, а во 65.минута Мехди Тареми стрелаше за Иран.
До крајот, Англичаните постигнаа уште два гола преку Маркус Рашфорд и Џек Грилиш, а Тареми во последните мигови погоди и од пенал, за конечни 6-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
