
Американската компанија за пиво Бадвајзер, еден од официјалните спонзори на Светското првенство, бара отштета од ФИФА по забраната на Катар да се служи алкохол на сите стадиони.
Бадвајзер требаше да обезбедува пијалоци на стадионите и фан зоните во Катар, но челниците на ФИФА потклекнаа на притисокот на катарските власти и потврдија дека нема да се продава алкохол на ниту еден стадион, што би можело да ја чини пивската компанија и до 40 милиони фунти.
Компанијата сега бара отштета по шокантниот пресврт што се случи пред почетокот на турнирот. Претходно беше ветено дека пивото и другите пијалоци ќе бидат достапни на сите осум места на Светското првенство. Пред почетокот на турнирот се шпекулираше дека Катар ќе им дозволи на навивачите со влезници да купат пиво на натпреварите, но три часа пред почетокот и еден час по крајот, но не и за време на натпреварот.
Бадвајзер требаше да се служи во навивачките области околу секој стадион, но не и на трибините на стадионот или на теренот. Ова е лоша вест за спонзорот кој моментално има договор вреден околу 65 милиони фунти со ФИФА за ова Светско првенство како и за она што ќе се игра во Мексико, Канада и САД во 2026 година. Загубата планираат да ја наплатат од Бадвајзер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Кристијано Роналдо доби понуда од Бразил

Евро-фудбал
Орландо сити ги потопи Меси и другарите

Интернационалци
Трајковски ја урна Ријека (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Деклан Рајс го реши Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
