Повредата на Карим Бензема го загрижува Реал Мадрид. Тој ќе има време, бидејќи не игра на Светското првенство, да се опорави, но јасно е дека ја чувствува тежината на годините. Проблемот е што тој нема вистинска замена во Реал.
Анчелоти бараше напаѓач летото, но високите ешалони на клубот одлучија дека не му треба. Меѓу резервите го има Маријано Дијаз кому не му верува, може да проба со Родриго, но вистински голгетер нема.
Она што сега се наведува како опција, но на инсистирање на Мендеш е Кристијано Роналдо да се врати во Реал, барем на шест месеци.
По испадот во Јунајтед и тешките зборови кон клубот и тренерот Тен Хаг, јасно е дека на „Олд Трафорд“ повеќе нема место за него. Но, тој има уште половина година од договорот. Клубот бара правен начин да го раскине договорот и да не го плати Кристијано или евентуално да се договори за обештетување, а Реал би се појавил како излез од соништата.
Кристијано е подготвен на се, дури и да ги прости парите, за да се врати во Реал. Би потпишал на шест месеци, со можна опција за продолжување, но и финансиските очекувања би ги спуштил на минимум.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













