Маурисио Покетино го опиша Пари Сен Жермен како „најнеблагодарниот клуб“. Стратегот помина 18 месеци на чело на францускиот клуб пред да добие отказ минатото лето. Покетино за „Радио Марка“ призна дека му било тешко да се носи со ѕвездите во клубот.
Запрашан дали ова е најнеблагодарниот клуб, тој одговори:
„Потполно се согласувам. Сите ја потценуваат работата на тренерот. Кога победуваме, тоа се должи на индивидуалниот талент. Кога губиме, тренерот е виновен“.
Покетино коментираше и за тоа како да се работи со ѕвезди како Меси, Нејмар и Мбапе.
„Во клубот се создаде проект и беше многу тежок предизвик да се исполни. Сите овие личности со овој талент во еден тим. На проектот му требаше време. Имавме девет или десет играчи кои беа капитени на нивните репрезентации“, објасни стратегот.
„За Барса да го има Меси или за Реал да го има Кристијано е благослов. Но, кога ќе внесете премногу играчи кои треба да играат и да бидат број 1, може да дојде до забуна. На крајот на краиштата, кога играте, на теренот има 11 играчи и една топка. Има пенал и кој ќе го изведе? Оваа одлука не зависи ниту од тренерот“, додаде тој.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal