
Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе биде домаќин на Азербејџан во вториот пријателски натпревар од овој ноемвриски сегмент. По ремито со Финска 1-1, Македонија е фаворит во дуелот со Азербејџан.
Селекторот на противникот, Џани де Бјази, вели дека Македонија е многу квалитетен тим, а стана и инспирација за помалите селекции по пласманот на Европското првенство.
„Македонија е одличен тим, има фудбалери кои играат во силни екипи во Европа. Вчера како подготовка ја гледавме вашата победа со Италија со Палермо и историскиот подвиг на вашата селекција. Знаеме со каков квалитет располага Македонија и ќе ни биде многу тешко. Се сеќавам на Алиоски од мечот во Скадар, тогаш беше офанзивец. Тој тим на Македонија беше млад и созреваше, а оваа селекција сега е на едно многу високо ниво. Македонија е пример за сите мали селекции дека чудата се можни и еден вид инспирација за нив“, изјави Де Бјази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Евро-фудбал
Алегри го сака Серху Гираси во нападот на Милан

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Интернационалци
Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор
