Синот на иконата на Наполи и на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона, Марадона јуниор, упати пофални зборови за игрите на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во италијанскиот калчолигаш.
Тој вели дека е импресиониран од Елмас, затоа што кога и да добие шанса во тимот на Наполи, способен е да го одлучи мечот.
„Македонецот доби шанса да игра како стартер поради отсуството на Квича Кварацкелија и покажа дека е одлучувачки фактор кога ќе добие шанса, со голови и со асистенции. Морам да кажам дека ме импресионираше! Овие работи многу ме радуваат, зашто само покажува колку Наполи е силен и колку добар тренер е Лучано Спалети, најмногу и со начинот како го менаџира тимот. Многу внимателно го следам Елмас и пред неколку недели морам да кажам направи глупост со тоа што го објави на социјалните мрежи. Мислам дека можеше да се избегне тоа за да не се крене прашина, но конечно ги дочека своите пет минути“, изјави Марадона јуниор.
Наполи е лидер на табелата во Серија А и има убедлива предност пред конкурентите, а во моментот шампионатот е на пауза поради почетокот на Светското првенство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













