Легендарниот играч од средниот ред на шпанската репрезентација и Барселона, Андрес Иниеста, верува дека Иберијците можат да стигнат далеку на Светското првенство и покрај тоа што имаат млад состав. Селекторот на Шпанија, Луис Енрике, им даде доверба на талентите на Барселона, Педри и Гави, a нивниот идол Иниеста има целосна доверба во нив, но и во останатите играчи.
„Тие се млади, но тие се првотимци на Барселона и веќе имаат акумулирано многу натпревари. Имаат можност да го дадат својот максимум“, изјави Иниеста, кој сега игра за јапонскиот Висел Кобе.
„Лично, ми се допаѓа овој тим и ми се допаѓа тимот што го состави селекторот“, додаде Иниеста, кој го постигна победничкиот гол со кој на Шпанија ѝ ја донесе единствената титула на Светското првенство во 2010 година.
„Се надевам и посакувам победник на Светското првенство да биде Шпанија“, изјави Иниеста, цитиран од Ројтерс.
Шпанија ќе се соочи со Костарика во нивниот прв натпревар во среда, пред натпреварите против Германија и против Јапонија во групата Е.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













