Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година одигра 1-1 против домаќинот Кипар на првиот пријателски натпревар од мини-турнејата.

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски може да жалат за пропуштената победа. Во 85. минути од мечот, Андреј Стојчевски имаше прилика да и донесе победа на Македонија, но не успеа да реализира удар од 11 метри.
Младите репрезентативци на Кипар дојдоа во водство со голот на Христодолу во 41.минута.
Македонија израмни во 66.минута со голот на Илиевски, откако претходно убаво му асистираше Тодоровски.
За пет дена, Македонија У21 ќе одигра пријателски натпревар и со Србија на Кипар.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













