
Италија не се пласираше на Светското првенство во Катар, па овој период го искористи за пријателскиот натпревар со Албанија кој го доби со 3-1. Во 90. минута, селекторот Роберто Манчини го претстави Симоне Пафунди, офанзивниот играч за врска на Удинезе, кој настапи на возраст од 16 години и 247 дена и со тоа стана најмладиот дебитант на италијанската репрезентација во последните 100 години.
Пафунди го споредуваат со Лео Меси поради неговите играчки карактеристики и истакнуваат дека тој е префрлен во А селекцијата откако во пет натпревари за италијанската репрезентација до 17 години постигнал четири гола. Покрај тоа, Пафунди досега одигра само 22 минути за Удинезе во Серија А, во победата од 4-0 над Салернитана.
Пафунди не го собори вкупниот рекорд на италијанската репрезентација. Сè уште му припаѓа на Пјетро Антонио Гавинели, кој имаше 16 години и 97 дена кога играше против Франција (2-2) во април 1911 година. Инаку, Пафунди има договор со Удинезе до 2025 година и е соиграч на Илија Несторовски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
