
Хозе Луис Гаја, капитен и левокрилониот играл на Валенсија, се повреди на последниот тренинг на репрезентацијата на Шпанија пред летот за СП во Катар. Ова се случи само шест дена пред првиот меч кој Шпанија го игра против Костарика. Во групата се и Германија и Јапонија.
Гаја, кој одигра 16 натпревари за националниот тим, постигнувајќи три гола и запишувајќи четири асистенции, дебитираше за Шпанија пред четири години против Хрватска во големата победа од 6-0. Гаја не можеше да го заврши тренингот во Јордан, од каде беше испратен на медицински тестови. Првите резултати покажуваат повреда, истегнување на десниот скочен зглоб, а Шпанската фудбалска федерација соопшти дека неговата состојба будно ќе се следи во текот на денот и дека дефинитивно ќе се знае по резултатите од магнетната резонанца“.
Шпанските медиуми пишуваат дека Луис Енрике доколку резултатите на Гаја се лоши ќе го повика Алехандро Балде на Мундијалот. Левиот бек на Барселона пред еден месец наполни 19 години, а минатата година потпиша договор со откупна клаузула од половина милијарда евра.
Оваа сезона Балде е прв избор на Чави во Ла Лига пред Жорди Алба и пред Маркос Алонсо. На 12 првенствени настапи за Барселона, тој асистираше за три гола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Кристијано Роналдо доби понуда од Бразил

Евро-фудбал
Орландо сити ги потопи Меси и другарите

Интернационалци
Трајковски ја урна Ријека (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Деклан Рајс го реши Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
