Connect with us

Ињаки и Нико Вилијамс – Двајца браќа кои ќе играат за две различни репрезентации на Мундијалот

Напаѓачите на Атлетик Билбао, Ињаки и Нико Вилијамс, не се првите браќа кои ќе играат на Светското првенство, но во дресови на различни репрезентации. Сепак, тие се само втор таков пример, по Џером и Кевин-Принс Боатенг.


Шпанија и Гана се во различни групи на Светското првенство во Катар и не можат да се сретнат до четвртфиналето. Сепак, браќата Вилијамс не се откажуваат од надежта дека можеби ќе се соочат еден со друг.


Ињаки беше избран за националниот тим на Гана во понеделникот, додека неговиот помлад брат Нико беше именуван во тимот на Шпанија минатата недела. Така, двајцата станаа првата двојка браќа што ќе се натпреварува на Светското првенство од 2014 година. Тогаш и четири години претходно Џером Боатенг играше за Германија, а Кевин-Принс беше дел од селекцијата на Гана.


Браќата Боатенг имаат татко со потекло од Гана, но се одгледувани од различни мајки во Германија. Двајцата браќа Вилијамс се родени во Шпанија од двајца родители од Гана кои пред многу години емигрирале во Европа во потрага по подобри услови за живот.


За да стигнат до Шпанија, родителите на браќата Вилијамс патувале долг пат со камион полн со бегалци, а пред тоа со боси стапала поминале дел од пустината Сахара, открива Игнаси. Неговата мајка веќе била бремена со него кога била приведена во обид илегално да влезе во Шпанија.


Семејството Вилијамс на крајот доби политички азил откако родителите тврдеа дека се бегалци од војната во Либерија.


Родителите на браќата Вилијамс на крајот се населиле во баскискиот регион, каде што се родени нивните деца. Веќе 28-годишниот Игнаси и 20-годишниот Нико ги започнаа своите фудбалски кариери во исклучително продуктивната школа на локалниот Атлетик Билбао.


„Ние правиме се за нашите родители поради она што тие го направија за нас. Сакаме да им вратиме барем мал дел од она што го жртвуваа за нивните деца да ги живеат своите соништа“, вели Ињаки во интервју за „Марка“.


Браќата Вилијамс се едни од ретките црномурести фудбалери кои некогаш го носеле дресот на Атлетик. Традициите на овој клуб налагаат неговите играчи да бидат само и само јуниори на тимот со баскиски пасоши.


Минатата сезона, Ињаки го собори рекордот на шпанската лига за најмногу последователни натпревари. Тој не беше повикан во националниот тим на земјата каде живее од еден пријателски меч во 2016 година, па напаѓачот доби дозвола да дебитира за Гана во септември против Никарагва, а подоцна играше и на пријателски натпревар против Бразил.


Нико, кој во голем период од детството беше воспитуван токму од Ињаки поради напорните работни распореди на нивните родители, изненадувачки заврши меѓу избраниците на Луис Енрике.

Неговиот прв повик дојде во септември и дебитираше во натпревар од Лигата на нации против Швајцарија, а во вториот меч Нико влезе од клупата и му асистираше на Алваро Мората за голот што ја испрати Шпанија на фајналфор.


Историски гледано, имало бројни примери на браќа кои биле соиграчи на Светските првенства, вклучувајќи ги и тројцата Паласио од Хондурас во 2010 година. Истото го направија Еден и Торган Азар кои играа во 2018 година за репрезентацијата на Белгија.


Брегот на Слоновата Коска ги имаше Јаја и Коло Туре во 2010 и во 2014 година, додека Џонатан и Џовани дос Сантос играа за Мексико во 2018 година.


Гледајќи поназад во историјата, три пара браќа играле за Холандија, од кои двајца се близнаци. Франк и Роналд де Бур беа дел од националните тимови во 1994 и 1998 година, стигнувајќи до полуфиналето во Франција, а Рене и Вили ван де Керхоф имаа два настапи во 1974 и 1978 година.

Ервин и Роналд Куман не се близнаци, но беа дел од селекцијата на „лалињата“ во 1990 година.
Данската репрезентација на Мундијал ги имаше Брајан и Михаел Лаудруп во 1998 година, а за Англија во 1966 и во 1970 година играа Џек и Боби Чарлтон.


Шпанија и Гана се во различни групи на Светското првенство во Катар и не можат да се сретнат до четвртфиналето. Сепак, браќата Вилијамс не се откажуваат од надежта дека ќе се соочат еден со друг.


„Се надевам дека тоа ќе се случи и Гана ќе победи“, вели Ињаки.


„Ќе видиме за тоа“, одговара Нико. „Што и да се случи, едно е сигурно – по мечот ќе си размениме дресови“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови