
Македонскиот второлигаш Охрид Лихнидос објави официјално соопштение тврдејќи дека биле оштетени со неколку судиски одлуки на денешниот меч против Гостивар (1-2). Тие сметаат дека добиле престрого црвен картон уште на почетокот на натпреварот, а потоа не им е досуден пенал.
„Денеска на натпреварот против екипата на Гостивар бевме оштетени во повеќе наврати. Уште од самиот старт, еден дерби натпревар кој требаше да биде фудбалски празник беше пресечен од судиската тројка со престрого доделениот црвен картон во 10-тата минута.
Во никој случај не сакаме ни да помислиме дека тие беа тендециозни. И во минатото бевме драстично оштетени.
Ако грешките се ненамерни нека се пронајде начин за решавање на истите. На пример ВАР технологија која што е достапна во втората косовска лига.
Се надеваме дека во иднина ќе имаме фер судење. Ние како клуб ќе продолжиме да работиме на организација и напредок во клубот и ништо нема да не спречи во таа намера. Во прилог ги имате спорните ситуации од натпреварот“, се вели во соопштението на Охрид Лихнидос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ја засили одбраната со Сам Бојкема

Прва лига
Филип Купанов на голот на Башкими
