Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Илија Несторовски се запишаа во листата на стрелците во пресметката на Наполи и Удинезе во Серија А. На крајот, славеа „наполитанците“ со 3-2 и се зацврстија на врвот на табелата.
Елмас беше стартер, а Илија Несторовски доби шанса во 70.минута од мечот.
Виктор Осимен го отвори резултатот во 15.минута, а Пјотр Зиелински зголеми на 2-0 во 31.минута.
Елмас беше стрелец на третиот гол за Наполи во 58.минута. Тој прими топка по левата страна и со одлични дриблинзи се ослободи од ривалите постигнувајќи одличен гол.
Но, потоа одговори Илија Несторовски во 79.минута, за 3-1. Три минути подоцна погоди и Самарџиќ, но победата сепак му припадна на Наполи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













