Connect with us

Роналдо бил пред откажување од фудбалот кога потпишал за Јувентус

Кристијано Роналдо бил на прагот да ја заврши кариерата по трансферот во Јувентус. Тој самиот го открива тоа во својата биографија, напишана од новинарот Тиери Маршанд. Во едно од интервјуата во книгата, Португалецот открива дека бил подготвен да ги закачи копачките на ѕид доколку Лионел Меси ја добиел „Златната топка“ во годината кога Роналдо потпиша за Јуве – 2018 година.


„Лесно е да останете во вашиот балон и да не ја напуштате вашата комфорна зона кога победувате. Решив да ризикувам и да одам во Торино, да го сменам клубот, лигата, фудбалската култура. Се ставив во опасна ситуација. Тоа беше ризик за кој сум убеден дека ме чинеше уште една „Златна топка“. Не жалам за ништо, но тогаш мислев дека ако Меси ја освои „Златната топка“, ќе се откажам од фудбалот“, изјави Роналдо.

Португалецот ја освои својата петта титула во Лигата на шампионите со Реал Мадрид пред да одлучи да му се приклучи на Јувентус во 2018 година. Во тоа време, тој важеше за еден од главните претенденти за „Златната топка“, но на крајот таа му беше доделена на неговиот поранешен соиграч од „кралскиот клуб“, Лука Модриќ, а Роналдо заврши на второто место.

Сепак, Лео Меси ја освои наградата двапати во 2019 и во 2021 година, засенувајќи го Кристијано во директната борба со седум трофеи, наспроти пет на Португалецот.

Роналдо за Јувентус постигна 101 гол на 134 натпревари, освојувајќи две титули во Серија А, еден Куп на Италија и два Суперкупа на Италија со тимот на „бјанконерите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови