Connect with us

Интер ќе му понуди нов договор на Един Џеко

Напаѓачот на Интер и капитен на репрезентацијата на БиХ, Един Џеко, и следната сезона ќе игра во Серија А, јавуваат италијанските медиуми.


Популарниот ’дијамант’ ја игра својата втора сезона во гигантот од Милано потврдувајќи дека годините за него се само бројка. Иако во март ќе го прослави својот 37 роденден, челниците на Интер се повеќе од задоволни од неговите настапи и решија да му понудат нов договор.

Интер има план да му понуди на Џеко нов едногодишен договор за помала плата и да го користи на натпреварите кога ќе им биде најпотребен. Очигледно идејата му се допаѓа и на искусниот напаѓач.

Џеко оваа сезона забележа 20 настапи за „нероаѕурите“. Има ефект од седум гола и четири асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови