Актуелниот првак Шкупи в сабота ќе биде домаќин на стадионот во Кичево, во 15.коло од Првата фудбалска лига. Стадионот Чаир е под суспензија откако вчера се случи голем инцидент на куп-натпреварот меѓу Шкупи и Шкендија.
Хулигани влетаа во терен и ги нападнаа фудбалерите на Шкендија, а Натпреварувачката комисија се состана итно, го регистрира мечот со службен резултат (0-3) и го суспендира теренот. Шкупи во наредниот период ќе мора да игра најмалку 100 километри надвор од Скопје, а Дисциплинската комисија допрва ќе одредува колку натпревари.
Главен судија на мечот Шкупи – Скопје ќе биде Игор Стојчевски од Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













