Connect with us

Судиска анализа на ФФМ: Без големи судиски грешки на куп-натпреварите

Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од четвртфиналето на купот на Македонија и ги донесе следните заклучоци:

На натпреварот ФК Силекс – ФК Вардар одигран на 09.11.2022 година, анализирана е ситуацијата од 31 минута.

Главен судија: Стојанче Стојанов; Помошни судии: Даниел Василевски и Мартин Петковски;

31 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката странично во шеснаесетникот на екипата на домаќините, до него беше и играч од одбраната на домаќините и му ја изби топката по што играчот од екипата на гостите падна.

Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејќи играчот ја удри топката и немаше контакт за удар од 11 метри.

На натпреварот ФК Струга Трим Лум– ФК Брегалница одигран на 09.11.2022 година, анализирани се ситуациите од 46 и 90+2 минута.

Главен судија: Игор Стојчевски; Помошни судии: Слаѓан Марковски и Александар Ѓорѓевски;

46 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)

Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на екипата на домаќините, искористува минимален контакт од играч на домаќините и паѓа сакајќи да изнуди удар од 11 метри. Главниот судија е идеално поставен и исправно досудува индиректен слободен удар за екипата на домаќините.

Исправна одлука на главниот судија што досуди индиректен слободен удар за екипата на домаќините и додели жолт картон на играчот за симулација.

92+2 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен втор жолт – ЦРВЕН картон)

Играч од екипата на гостите сака да изведе слободен удар на средина на теренот, меѓутоа играч од екипата на домаќините го спречи играчот во изведувањето.

Исправна одлука на главниот судија, доделен жолт картон за играчот за неспортски однос, бидејки тоа му беше втор жолт картон на играчот, автоматски му беше доделен ЦРВЕН картон.

На останатите натпревари од четврфиналето на купот на Македонија немаше спорни ситуации за судиска анализа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови