
Македoнскиот репрезентативец Ердал Ракип, кој беше најавуван како сериозно „засилување“ за А-тимот на Македонија, затоа што играл во шведскиот Малме, побарал „брејк“ од националниот тим. Образложението кое го добил селекторот Благоја Милевски е дека тој не се чувствувал како дел од тимот.
А всушност причината е јасна, Ердал Ракип не успеа да се наметне со квалитет крај Барди, Адеми, Елмас, Николов, Спировски, во средниот ред на фудбалската репрезентација.
„Кога играч ќе каже дека сака пауза од репрезентација, тогаш едноставно го прашувате која е причината? Ни една друга причина не беше наведена во разговорот. Едноставно, соопшти дека не се чувствува како дел од тимот. Во ред, јас тоа го почитувам и веќе нема да добива повик за Македонија. Ние можеме да дадеме шанса, а се друго е на самите фудбалери, дали се чувствуваат како дел од тимот или не. Околу конкуренцијата, тој според квалитетот заслужи повик меѓу репрезентативците, но за настап треба да се избори и докаже на секој тренинг“, изјави селекторот Благоја Милевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
