Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ го објави конечниот список на играчи кои ќе ги води на Светското првенство во Катар. Првиот натпревар Хрватска го игра на 23 ноември против Мароко, четири дена подоцна ќе се сретне со Белгија и на 1 декември ќе игра против Канада.
Далиќ пред девет дена пред јавноста претстави поширок список на кандидати. На тој список имаше 34 играчи, што значи дека осуммина од нив отпаднаа.
„Оптимист сум, верувам во нашата репрезентација. Верувам во мојот кадар и мојата работа. Мора да бидеме реални и објективни. Десет или 12 репрезентации се надеваат дека ќе бидат светски шампиони. Одиме чекор по чекор, имаме голема самодоверба по натпреварите од Лигата на нации. Нема притисок, но и нема голема еуфорија. Првиот меч секогаш е најважен“, изјави Далиќ.
HERE IT IS! 🥁
— HNS (@HNS_CFF) November 9, 2022
🇭🇷➡️🇶🇦#Croatia squad for the 2022 @FIFAWorldCup in Qatar!#WorldCup #Family #Vatreni❤️🔥 pic.twitter.com/P5T3876pP2
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski