Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, ја повтори важноста од ротација во тимот по победата од 2-0 на домашен терен над Емполи. Тој, исто така, остана внимателен во однос на предвидувањата дека „партенопеите“ ќе го освојат „скудетото“ со оглед на предноста од осум бода на врвот на табелата.
„Непотребно е да продолжам да го кажувам тоа, но ако не промените 4-5 играчи за натпревар во средината на неделата, нема да имате сила да издржите 90 минути. Таа ротација станува фундаментална, а кога нашите измени стапија на сцена, можеше да се види како ја сменивме брзината. Клучот на триумфот е што сите се чувствуваат дека се вклучени и дел од составот. Тука нема прв или втор избор. Збирот од 22 фудбалери е подобар од оној на 11, очигледно е“, истакна Спалети.
Тој предупредува дека има уште многу да се игра во битката за титулата во Серија А.
„Мислам дека може да има повеќе од седум претенденти за титулата. Патот пред нас е многу долг и крие многу опасности. Секогаш мора да бидеме фокусирани и да запомниме дека трите бода не се засноваат на вредноста на тимот против тебе, туку на тоа какви се твоите соништа. Ниту сум среќен ниту загрижен што луѓето велат дека конечно ќе го освоиме „скудетото“, коментираше Спалети, кој пред мечот ја доби наградата за најдобар тренер во Серија А за октомври.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski