Баерн Минхен го декласира Вердер со 6-1 и се зацврсти на врвот на табелата во Бундес-лигата. Сега баварскиот клуб има 31 бод, четири повеќе од второпласираниот Фрајбург.
Џамал Мусијала во шестата минута го отвори резултатот, но возврати Јунг четири минути подоцна.
Чупо-Мотинг во 18.минута не реализира пенал, но Гнабри погоди во 22.минута за 2-1. Баерн брзо постигна уште два гола преку Горецка и Гнабри за 4-1 на полувремето.
Во вториот дел, Гнабри комплетираше хет-трик, а серијата ја затвори Матис Тел.
Бохум ја совлада Борусија Менхегладбах со 2-1, а и Штутгарт славеше против Херта со 2-1 со гол во последните мигови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













