Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, и тоа на гости кај Рајо Ваљекано и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Во дуел со многу пресврти, на крајот Рајо Ваљекано славеше со 3-2.
Санти Комесана во петтата минута ги доведе домаќините во водство, но „кралевите“ направија пресврт со голот од пенал на Лука Модриќ и погодокот на Милитао со удар глава по корнер.
Сепак, Алваро Гарсија постигна гол во 44.минута за 2-2.
Во 67.минута, беше досуден пенал за Рајо Ваљекано. Тибо Куртоа го одбрани ударот на Оскар Трехо, но пеналот беше повторен затоа што Дани Карвахал побрзо влетал во шеснаесетникот.
Вториот обид на Оскар Трехо беше поуспешен и донесе триумф за Рајо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













