Поранешниот македонски фудбалски селектор, Ѓоко Хаџиевски, е официјално именуван за нов спортски директор на прволигашот Беласица. Тој ќе биде задолжен за подобрување на спортскиот и кадровскиот дел од клубот, кој ќе се бори за опстанок во елитното друштво.
Покрај тоа Беласица денеска и официјално ги промовираше петте засилувања за пролетниот дел од сезоната. Душан Савиќ, Марио Маслаќ, Матеус Оливеира Да Силва, Мартин Мирчевски и Христијан Денковски се новите засилувања на ФК Беласица за преостанатиот дел од оваа сезона.
Поранешниот македонски репрезентативец Савиќ по 14 години, повторно се враќа во ФК Беласица. Искусниот офанзивец кој и е добро познат на струмичката но и македонската фудбалска јавност, изминатиот дел од оваа сезона настапуваше во српскиот суперлигаш ФК Земун. Во минатото Савиќ покрај на Беласица, го носеше дресот и на прилепска Победа, ФК Вардар и ФК Работнички, a зад него има и богата интернационална кариера.
Mарио Маслаќ ќе биде огромно засилување на стоперската позиција за преостанатиот дел од оваа сезона, кој доаѓа од ФК Рига, Латвија, а во изминатиот период има настапувано и за српските екипи Војводина, Борац Чачак, Ветерник, како и за хрватската екипа ФК Осијек.
21-годишниот Бразилец Матеус Оливеира Да Силва, ни доаѓа од ФК Гремио Новоризонтино од Бразил, и игра во шпицот на нападот. Во минатото Матеус беше дел и од младинската школа на ФК Порто.
Мартин Мирчевски го носеше дресот на Беласица минатата сезона додека клубот се натпреваруваше во Втората лига.
Напаѓачот Христијан Денковски, пак, во Беласица доаѓа од индиски Гокулам, а претходно во кариерата играше за ФК Триглав од Словенија, ФК Гронинген од Холандија. Во македонското првенство претходно беше член и на ФК Вардар, Работнички, Пелистер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн
Прва лига
Шкендија минимално го победи Работнички
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













