
Работнички доведе неколку квалитетни засилувања во зимскиот преоден рок, а меѓу нив и Дејан Блажевски, поранешниот напаѓач на Вардар, кој во изминатиот период беше на печалба во Албанија. Во пролетниот дел од сезоната ќе го носи дресот на „романтичарите“. Тој очекува успешен старт за својот нов тим, иако има максимален респект за составот на Ренова.
„Секогаш е тешко на стартот, по долгите зимски подготовки. Но, верувам дека сме подготвени утре да одиграме квалитетно и да стигнеме до триумф. Ќе биде тешко, затоа што Ренова е одличен тим, кој можеби игра и најдопадлив фудбал во Првата лига. Воиграни се, долго време тимот игра заедно. Тоа е можеби хендикеп за Работнички, со оглед на бројните промени, но верувам дека ќе успееме да го покажеме нашиот квалитет и очекувам победа“, изјави Дејан Блажевски.
Натпреварот меѓу Работнички и Ренова ќе се одигра утре, со почеток од 14 часот, на арената „Филип Втори“ во Скопје.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
