Уште еден англиски репрезентативец е под знак прашалник за Мундијалот. Станува збор за играчот на Челси, Бен Чилвел, кој заработи повреда на бутниот мускул на натпреварот на неговиот тим против Динамо Загреб во Лигата на шампионите. Во судиското надополнување, левиот бек се фати за левата нога по еден спринт и очигледно дојде до истегнување на мускулот.
Чилвел мораше да користи патерици по натпреварот, а повеќе информации се очекуваат од медицинскиот штаб на Челси во текот на денот.
Бен Чилвел веќе пропушти 6 месеци поради тешка повреда на коленото.
Англискиот селектор Герет Саутгејт ќе го објави својот состав за Мундијалот во Катар за само една недела. Тој се уште не знае дали ќе може да се потпре на Рис Џејмс, Кајл Вокер и на Калвин Филипс, кои исто така се борат со повреди.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













