Елитниот европски фудбал доби нова млада ѕвезда. Блеска во редовите на Наполи, а за само неколку месеци пристигна на радарот на најмоќните клубови. Неговото име е Квича Кварацкелија и е соиграч на Елиф Елмас во Наполи.
Во италијанските медиуми се почесто се споменува интересот за грузискиот репрезентативец, кој неодамна без никакво размислување откри во кој клуб би сакал да ја продолжи кариерата.
„Пред да пристигнам во Наполи, мојот омилен клуб ја освои Лигата на шампионите. Јас сум навивач на Реал Мадрид од мал, заедно со моите браќа. Секогаш ги гледавме натпреварите заедно. Мојот сон е еден ден да играм за Реал“, изјави Кварацкелија.
Наполи сигурно нема да му дозволи да замине без огромен надомест. Тој за краток период стигна до вредност од 35 милиони евра, а клубот од југот на Италија ќе се обиде добро да заработи во случај на негово заминување.
Италијанските медиуми споменуваат дека одличниот крилен напаѓач е на радарот на Челси и дека е желба на Баерн Минхен.
Квича Кварацкелија игра фантастично оваа сезона и е еден од клучните играчи на наполитанскиот тим. Наполи се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите како првопласиран во групата во која беа и Ливерпул и Ајакс, а во Серија А моментно е на самиот врв.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski