Кристијано Роналдо е блиску до заминување од Манчестер Јунајтед и веројатно во јануари ќе го заврши вториот мандат на „Олд Трафорд“. Англискиот клуб подготвува интересна замена.
Како што пренесуваат британските медиуми, „ѓаволите“ се заинтересирани на местото на Португалецот во своите редови да го доведат Ерик Чупо-Мотинг од Баерн Минхен.
Тие сакаат да ја искористат шансата бидејќи неговиот договор со Баварците истекува во летото следната година.
Камерунецот со германско потекло не е стандарден во Минхен. Сепак, секогаш кога игра, тој придонесува со голови.
Сезонава на 13 натпревари постигна 8 гола и забележа три асистенции.
Не му е непознато да игра во Премиер – лигата, бидејќи ги бранеше боите на Стоук во сезоната 2017/2018.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













