Connect with us

Германците го убедуваат Тони Крос да игра на Мундијалот во Катар

Во Германија се обидуваат да го убедат Тони Крос да се врати во националниот тим за претстојниот Мундијал. 32-годишниот играч од средниот ред се повлече од „Мaншафт“ пред една година по завршувањето на Европското првенство.


Во моментов, сепак, тој е во одлична форма, поради што во татковината бараат опција како повторно да го облече дресот на германската фудбалска репрезентација.


Ова изгледа како тешка задача бидејќи деновиве Крос даде интервју во кое беше дециден дека во Светското првенство ќе ужива само на ТВ.


Крос е светски шампион со Германија од СП во 2014 година и има 106 настапи за националниот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови