
Италијанскиот првак Милан го победи Салцбург со 4-0 и во директниот дуел се избори за втората позиција во групата Е која води во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Првопласиран е Челси, откако го победи Динамо Загреб со 2-1.
Оливие Жиру беше двоен стрелец за „росонерите“, а погодија и Раде Круниќ и Жуниор Месијас.
На „Стемфорд бриџ“, Бруно Петковиќ го доведе Динамо во водство во седмата минута, но израмни Рахим Стерлинг со погодокот во 18.минута. Триумфот на Челси го донесе Денис Закарија во 30.минута од дуелот.
Јувентус загуби во Торино од Пари Сен Жермен со 1-2, но се протна во Лига Европа откако Бенфика убедливо го победи Макаби Хаифа на гости со 1-6. Со тоа го освои и првото место во групата, пред ПСЖ.
Килијан Мбапе и Нуно Мендеш беа стрелци за ПСЖ, а Леонардо Бонучи се запиша во листата на стрелците за италијанскиот тим.
Манчестер Сити со пресврт на „Итихад“ славеше против Севилја со 3-1. Рафа Мир погоди за водство на гостите по првиот дел, израмни младиот Рико Луис, а пресвртот го најави Хулијан Алварез. Третиот гол за „граѓаните“ го постигна Ријад Махрез.
ФК Копенхаген и Борусија Дортмунд ремизираа 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
