
Реал Мадрид го декласира Селтик со 5-1 на „Сантијаго Бернабеу“ и го потврди првото место во групата Ф од Лигата на шампионите. „Кралевите“ на крајот завршија со 13 бода, пред Лајпциг кој собра еден бод помалку. Лајпциг славеше убедливо (0-4) против Шахтјор Доњецк.
Лука Модриќ од пенал го отвори резултатот, а потоа и Родриго стрелаше од белата точка. Имаше и трет пенал, за Селтик, но Куртоа го одбрани ударот на Јурановиќ.
Во вториот дел серијата голови за Реал ја продолжија Марко Асенсио, Винисиус Жуниор и Феде Валверде, а Жота погоди од слободен удар за почесен погодок за Селтик.
Лајпциг со 0-4 го победи Шахтјор. Нкунку, Андре Силва и Шобошлаи стрелаа за Лајпциг, а Бондар си постигна автогол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ја одби понудата на Монако

Евро-фудбал
Се појави надеж за Лион

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди
