
Голманот на Баерн Минхен и германски репрезентативец Мануел Нојер откри шокактни вести, дека трипати морал да се оперира поради рак на кожата на лицето. Во моментов тој е надвор од терените, но поради повреда на рамото.
„Имав рак на кожата на лицето, поради што бев подложен на три операции“, објави Нојер, а пренесува „Sport Bild“.
Гласините за потенцијални здравствени проблеми на Нојер се појавија во декември минатата година пред натпреварот од Лигата на шампионите против Барселона, кога беше виден како носи фластери на лицето.
Патем, има посебна причина зошто Нојер излезе во јавноста со проблемот токму сега. Заедно со тенисерката Анжелик Кербер го финансира истражувањето и развојот на крема која би заштитила од опасното сончево зрачење.
„Бидејќи постојано тренираме и играме на отворено и сакаме да поминуваме време во природа, од клучно значење е да развиеме модерна заштита од сонце со фактор од 50+. Како врвни спортисти, точно знаеме колку е важна секојдневната заштита на кожата. Како спортисти, се потиме многу во текот на денот, се тушираме неколкупати на секое ниво“, изјави Кербер.
Нормално, болеста на Нојер нема да влијае на неговиот настап на Мундијалот во Катар, но тој моментално има проблеми со повредата на рамото која го оддалечи од терените во последните неколку недели. Неговиот последен настап за баварскиот гигант беше на 8 октомври. Оттогаш го менува Свен Улрих.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски стрелец во триумфот на Вараждин (ВИДЕО)
