Ѕвездата на Тотенхем, Хјонг-Мин Сон, ќе го пропушти дербито со Ливерпул викендов поради повредата што ја заработи на вчерашниот меч против Олимпик Марсеј. Јужнокорејецот силно удри со глава по сударот со Шансел Мбемба пред да добие лекарска помош и да биде заменет.
Според медиумите на Островот, тој се здобил со полесен потрес на мозокот. Доколку биде потврдено, напаѓачот ќе мора да биде надвор од терените најмалку шест дена за да се усогласи со протоколот на Фудбалската асоцијација на Англија за ваков вид повреда на главата.
Тоа значи дека Сон нема да биде достапен за Антонио Конте на мечот против Ливерпул в недела.
Дијагнозата на Хјонг-Мин Сон се уште не е официјално потврдена од клубот. Вчера Кристијан Стелини, кој го предводеше Тотенхем против Олимпик Марсеј поради суспензијата на Конте, изјави дека се уште не е познато дали Сон ќе игра против Ливерпул.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Млади репрезентации
Младите фудбалери до 21 година убедливо поразени од Шведска
Евро-фудбал
Арсенал и Челси во трка за Рафаел Леао
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













