
Атлетико Мадрид во последното коло од групната фаза остана и без пласман во Лига Европа.
„Секогаш може да биде полошо. Треба да се погрижиме да разбереме каде сме и како можеме да се опоравиме. Единствениот излез е да останеме обединети, заедно. Сите во клубот, и играчите и управата. Мораме да останеме обединети“, изјави тренерот Диего Симеоне по елиминацијата на неговиот тим од европските натпреварувања.
„Мораме да реагираме со тоа што ќе продолжиме да работиме. Мора да разбереме дека бевме надиграни и затворени на сите натпревари во Лигата на шампионите, особено на гостински терен, не можевме да постигнеме гол. Мораме да работиме за оние натпреварувања во кои се уште сме активни, во Ла Лига и во Купот на Шпанија“, додаде Симеоне.
Атлетико Мадрид врза пет натпревари без победа во Лигата на шампионите, а тоа го загрозува и Диего Симеоне на клупата. Шпанските медиуми најавуваат дека можеби Луис Енрике ќе го замени на крајот од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
