Connect with us

ЛШ: Баерн стопроцентен, Наполи поразен, Тотенхем и Ајнтрахт во осминафинале (ВИДЕО)

Баерн Минхен го победи Интер со 2-0 и со максимален ефект го заврши групниот сегмент од Лигата на шампионите. Баварците имаат 18 бода по шест кола, а вечерва славеа со головите на Бенјамин Павар и на Чупо-Мотинг. Интер секако беше второпласиран во „групата на смртта“ и пред последното коло, а Барселона победи со 2-4 на гости против Плзен.

Ливерпул му го нанесе првиот пораз (2-0) на Наполи, но, сепак, италијанскиот клуб го освои првото место во групата А поради подобриот меѓусебен дуел. Мохамед Салах и Дарвин Нуњез беа стрелци на головите вечерва на „Енфилд“.

Главната разврска се случуваше во групата Д, каде пред ова коло сите четири тима имаа шанси за пласман во нокаут фазата. На крајот, Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт се пласираа во осминафиналето.

Ајнтрахт Франкфурт го совлада Спортинг Лисабон на гости со 1-2, со головите на Камада од пенал и на Коло Муани. Спортинг поведе преку Артур Гомеш во првиот дел.

Тотенхем победи со 1-2 против Олимпик Марсеј и се пласира во осминафиналето како првопласиран тим од групата Д. Францускиот тим поведе со голот на Шансел Мбемба во 45.минута, но израмни Клемен Ленгле во 56.минута од дуелот. Вториот гол го постигна Пјер-Емил Хојбјерг во 95.минута.

Ајакс славеше против Глазгов Ренџерс на гости со 1-3, а Порто стави крај на европските надежи на Атлетико Мадрид со триумфот од 2-1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови