
Белгискиот репрезентативец Еден Азар истакнува дека се наоѓа во добра форма и верува дека му треба само шанса да го покаже тоа.
„Компликувано е, многу фактори влегуваат во игра – повреди, сомневања и се што е поврзано со нив. Но, сега мислам дека ситуацијата е мирна и се надевам само на едно – да имам можност да покажам на теренот дека се уште сум на врвот. Немам што друго да додадам“, изјави Азар во интервју за веб-страницата на ФИФА.
Што се однесува до репрезентацијата и претстојниот Мундијал во Катар, високи цели има и Еден Азар.
„Мислам дека треба да ја подигнеме границата на можностите високо. Ќе се обидеме да бидеме подобри од пред четири години. Ќе биде тешко, но имам среќа да бидам капитен на голема селекција, на голема земја, па мораме да имаме големи амбиции“, коментира белгискиот фудбалер.
Реал Мадрид утревечер го пречекува Селтик во групната фаза од Лигата на шампионите.
Шпанскиот клуб е лидер на табелата во групата Ф со 10 бода, еден пред второпласираниот Лајпциг. Следат Шахтјор Доњецк со 6 и Селтик со 2 бода пред последните натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ериксен го напушта Манчестер Јунајтед
