Головите што ќе бидат постигнат во данскиот фудбал во ноември ќе донесат пари за печалбарите кои беа вклучени во изградбата на стадионите на Светското првенство во Катар, соопшти Данската фудбалска федерација. Тоа е уште еден знак на поддршка за работниците во Катар од Данска, чија репрезентација ќе носи специјални дресови на Светското првенство во чест на оние кои загинаа во изминатата деценија на градилиштата во Катар.
Секој гол постигнат во Данска во ноември од аматерските до елитната Суперлига ќе донесе 10 круни (околу 1,30 долари) донирани од фудбалските власти.
Данската федерација потсети дека во ноември 2021 година имало 55.000 голови и доколку тоа се повтори, ќе се соберат околу 73.000 долари.
Парите ќе бидат донирани на синдикатот BWI (Меѓународната федерација за градежништво и дрвни работници) за да ги таргетира градежните работници во Катар.
Катар беше жестоко критикуван за лошите услови што им ги обезбедува на работниците, главно од Јужна Азија, вклучени во изградбата на стадионите, метро линиите, патиштата и хотелите потребни за Светското првенство, кое започнува на 20 ноември.
Сè уште не е јасен точниот број на работници мигранти кои загинале или биле повредени работејќи често на екстремни жештини на проекти откако ФИФА го избра Катар за домаќин на Светското првенство во декември 2010 година.
Данска е во група со бранителот на титулата Франција, Австралија и со Тунис на СП во Катар.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski