Маркус Рашфорд беше многу блиску до заминување од „Олд Трафорд“ во текот на летото, но сега е многу поизгледно да остане во Манчестер Јунајтед и да стави потпис на нов договор.
За него сериозно се интересира ПСЖ, но доаѓањето на Ерик тен Хаг промени се.
Холандскиот стручњак верува во 25-годишниот Англичанец. Договорот на Рашфорд истекува за осум месеци, но за два би можел да преговара со заинтересираните клубови. Сепак, се чини дека Манчестер Јунајтед ќе обезбеди останување на својот младинец на „Олд Трафорд“.
Има две опции за продолжување на соработката. Или ќе се активира опцијата за автоматско продолжување на уште една година, со оглед дека актуелниот договор му истекува на крајот на сезоната, или двете страни ќе седнат и ќе договорат ново повеќегодишно продолжување.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski