Лионел Меси побарал од тренерот Кристоф Галтие да го остави надвор од составот за натпреварот против Оксер, закажан за 13 ноември. Тоа е последниот меч пред стартот на Светското првенство во Катар, па Аргентинецот сака да биде свеж и одморен за Мундијалот.
ПСЖ утре ќе му гостува на Јувентус во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, по што ќе има уште два првенствени натпревари со Лориен на гости и со Оксер на „Паркот на принцовите“.
Тоа значи дека Меси повеќе нема да игра во Париз, туку на преостанатите две гостувања, по што сака да одмори две седмици и да ги наполни батериите за Светското првенство во Катар.
Аргентина е во групата Ц, каде што се уште Полска, Мексико и Саудиска Арабија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













