
Раководството на Барселона ќе продолжи да има доверба во тренерот Чави Хернандез и покрај фијаското во Лигата на шампионите и елиминацијата уште во групната фаза на натпреварувањето.
Каталонскиот клуб многумина го сметаа за еден од фаворитите за пехарот пред почетокот на сезоната, откако на „Камп Ноу“ потрошија над 150 милиони евра за нови играчи.
Сепак, трансферите не го донесоа посакуваниот ефект и Барселона не успеа да ја мине групната фаза и да се пласира во осминафиналето.
„Сите веруваме во Чави. Ништо не можеме да направиме сега освен да продолжиме понатаму. Тимот е во процес на градење и мораме да бидеме трпеливи“, изјавија од раководството на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski