Наполи ја отфрли идејата дека може да го доведе Кристијано Роналдо во јануари, со оглед дека на лидерот во Серија А му оди одлично од почетокот на сезоната. Тие се водат од идејата дека навистина „нема што да поправаат“ во овој момент.
Спортскиот директор на клубот, Кристијано Џунтоли, изјави дека не се предвидуваат нови трансфери во зимскиот преодне рок, бидејќи Наполи е силен тим со одличен баланс.
Тој додаде дека „летање со фантазии“ не е стил на тимот оваа сезона, кој ја брка првата титула во Италија од сезоната 1989/1990, кога лидер на тимот беше Диего Марадона.
„Ние сме многу далеку од пазарот. Во моментов размислуваме само за секојдневието, се трудиме постојано да се подобруваме. Јануарскиот преоден рок е можност за тимот да поправи нешто од летната селекција, а ние засега немаме што да поправиме, па мислам дека нема да направиме ништо“, изјави Џунтоли за италијанските медиуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













