
Барселона загуби од Баерн Минхен со 0-3 на „Камп Ноу“ и официјално ја „запечати“ елиминацијата од Лигата на шампионите. Каталонците напролет ќе се натпреваруваат во Лигата на Европа, што секако е голем „кикс“ за момците на Чави, особено по масовната летна селекција и сериозните амбиции кои беа наведени на стартот од сезоната.
По натпреварот, Педри исто така го изрази своето разочарување од испаѓањето, но и призна дека е евидентно како тимот во моментов нема потенцијал да се натпреварува на нивото во ЛШ.
„Се разбира, тоа е неуспех. Барселона требаше да ја мине групата, а ние не успеавме. Не заслуживме да продолжиме во Лигата на шампионите. Ние сме млад тим, имаме многу простор за развој, доведовме одлични засилувања, но тоа не ни беше доволно да се натпреваруваме квалитетно на ова ниво во Лигата на шампионите, што е големо разочарување. Ни недостигаат многу работи, мора да бидеме самокритични. Точно е дека во Минхен заслуживме повеќе, но тоа е само еден натпревар“, изјави Педри.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами

Прва лига
Арсими ќе се обиде да го скроти Вардар

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
