
Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, беше апсолутно бесен на ВАР-системот откако голот на Хари Кејн во судиското продолжение против Спортинг Лисабон беше поништен во Лигата на шампионите. Овој гол беше исклучително важен за Тотенхем, бидејќи со него ќе обезбедеа пласираа во осминафиналето, а сега ќе треба да треперат до последен момент.
Антонио Конте се нафрли на судиите и беше исклучен на крајот од мечот, а потоа продолжи и на прес-конференцијата, велејќи дека одлуката нанела огромна штета на неговиот тим.
„Има моменти кога треба да бидете барем малку интелигентни и да видите дека поништивте нормален гол бидејќи тоа беше сосема регуларен гол. Топката беше пред Кејн. А потоа ВАР го поништи. Знам дека не треба да коментирам судиски одлуки, но ВАР е против нас оваа сезона и во Лигата на шампионите и во Премиер – лигата. Сакам да видам некој како донесува таква одлука против голем тим на важен натпревар. Да, би сакал да видам дали ВАР ќе биде толку храбар. Повторувам дека ова е неправедна одлука бидејќи топката е пред Кејн. Жал ми е што сум толку вознемирен, но понекогаш можеш да ги прифатиш овие работи, а некогаш навистина не. Причината е што не гледам искреност во овие ситуации, а кога тоа ќе се случи, навистина се вознемирувам. Поради оваа одлука ќе мора да го почекаме последниот мечот со Марсеј. Повторувам дека оваа одлука не чинеше огромна штета. Се надевам дека клупските газди го разбираат ова и ќе преземат нешто“, изјави бесниот Конте.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ

Евро-фудбал
Арсенал се пофали со Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Расмус Хојлунд пред трансфер во Милан
