Connect with us

ЛШ: Баерн и Наполи максимални, Ливерпул убедлив, Порто оди во осминафиналето (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја победи Барселона на „Камп Ноу“ со 0-3 и го задржа максималниот ефект во групата Ц од Лигата на шампионите. Баварскиот клуб го осигура првото место во „групата на смртта“. Садио Мане во десеттата минута донесе водство, Чупо – Мотинг зголеми на 0-2, а третиот гол беше дело на Бенјамин Павар во 95.минута.

Елиф Елмас доби шанса да биде стартер во тимот на Наполи, кој го победи Глазгов Ренџерс со 3-0 на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Џовани Симеоне беше двоен стрелец, а погоди и Лео Остигард во финишот од дуелот.

Ливерпул беше убедлив на гости во Амстердам против Ајакс и славеше со 0-3. Мохамед Салах го отвори резултатот, Дарвин Нуњез зголеми на 0-2, откако претходно веројатно го имаше и најголемото промашување оваа сезона во ЛШ, а конечниот епилог го постави Харви Елиот.

Атлетико Мадрид имаше пенал за победа во 97.минута, но Јаник Караско не го искористи, голманот Храдецки го одбрани неговиот удар, а потоа Саул ја погоди гредата. По ова Порто оди во осминафиналето од групата Б, заедно со Клуб Бриж.

Тотенхем постигна гол за триумф против Спортинг Лисабон, но не беше признат во судиското продолжение поради офсајд, а Антонио Конте го нападна судијата и доби црвен картон. Едвардс донесе водство за Спортинг, а израмни Бентанкур во 80.минута.

Ајнтрахт Франкфурт со 2-1 го победи Олимпик Марсеј. Камада и Коло Муани беа стрелци за германскиот тим, а пред последното коло сите четири екипи, се во игра за пласман во нокаут фазата.

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови