Connect with us

Враќањето на Мануел Нојер повторно е одложено

Враќањето на капитенот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, е одложено за најмалку неколку дена, објави магазинот „Kicker“.


Голманот на Баварците не играше од ремито 2-2 со Борусија Дортмунд на 8 октомври поради проблем со рамото, но тренерот Џулијан Нагелсман очекуваше тој да биде на располагање за пресметката со Мајнц оваа сабота.


Сепак, според „Кикер“, Нагелсман ги променил плановите откако го видел Нојер на тренингот на тимот во вторникот. Се очекува голманот да биде на голот или за натпреварот од Лигата на шампионите со Интер на 1 ноември или за гостувањето кај Херта во Берлин четири дена подоцна.


„Мануел истрча неколку круга и при трчање рамото не го боли. Но, тој ќе одлучи кога ќе се чувствува доволно здрав за повторно да игра“, изјави Нагелсман за „Kicker“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови