Connect with us

ЕВЕ ЗОШТО Е СУСПЕНДИРАН – Видео кое открива се: Роналдо го одбива Тен Хаг и оди кон соблекувалната

Кристијано Роналдо е повторно во тимот на Манчестер Јунајтед откако беше суспендиран за еден меч, против Челси на „Стемфорд бриџ (1-1)“, откако одби да влезе во игра на дуелот со Тотенхем на 19 октомври и демонстративно го напушти теренот уште пред крајот на натпреварот.


Се појави видео од оваа случка. Се гледа како Тен Хаг му вели нешто на Роналдо, кој седи на клупата, но тој му покажува дека не се согласува со гестикулација.

Португалецот потоа станува, се поздравува со играчите кои беа заменети, и потоа тргнува кон тунелот за соблекувалните.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови