Connect with us

Унаи Емери седнува на клупата на Астон Вила

Англискиот премиерлигаш Астон Вила експресно се договори со Унаи Емери да биде нов менаџер на тимот. Раководството на клубот ќе плати 6 милиони евра и ќе ја активира отштетната клаузула во неговиот договор со Вилјареал, а тој ќе потпише петгодишен договор со клубот од Бирмингем.


Унаи Емери доаѓа во Астон Вила како наследник на Стивен Џерард кој замина откако имаше лоши резултати со тимот на почетокот од сезоната. Тој ќе заработува 7 милиони евра по сезона во англискиот клуб.

Eмери се враќа во Премиер – лигата каде од август 2018 до ноември 2019 година го предводеше Арсенал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови