Англискиот премиерлигаш Астон Вила отвори преговори со тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, информираат медиумите на Островот. Клубот од Бирмингем минатата недела се раздели со Стивен Џерард и во моментов е во потрага по нов менаџер.
Шефовите на англискиот тим стапиле во контакт и со Томас Тухел, но Германецот не покажал интерес за работата.
Аморим во 2021 година ги предводеше лисабонските „лавови“ до двојна круна.
Медиумите во Англија пренесуваат и дека Аморим одлично зборува англиски и дал согласност да застане на чело на тимот, но за оваа цел Астон Вила ќе треба да плати околу 10 милиони евра за да го доведе на „Вила Парк“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal