
Реал Мадрид нема да може да се потпре на Лука Модриќ за гостувањето кај Лајпциг во утрешната пресметка од петтото коло во групната фаза во Лигата на шампионите. Хрватскиот интернационалец беше вклучен во составот, но почувствува проблем на последниот тренинг на тимот и нема да биде дел од тимот.
Карло Анчелоти нема да може да смета и на Феде Валверде, кој доби силен удар на крајот од мечот против Севилја, како и на Карим Бензема, Дани Себалјос и Маријано Дијаз.
Модриќ најверојатно утре ќе ги направи медицинските тестови, по што ќе биде јасно колку време ќе биде надвор од терените.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
