
Македонската селекција составена од фудбалери од домашниот шампионат засилена со интернационалците, Дарко Велковски и Кристијан Тошевски ги продолжува подготовките за натпреварот против Саудиска Арабија на 22. октомври во Абу Даби.
Нашиот стандарден репрезентативец, Дарко Велковски смета дека оваа селекција ќе биде подготвена за саботниот предизвик и покрај тоа што некои од фудбалерите прв пат се заедно на подготовки.
„Околностите се малку поинакви од вообичаените на кои сме навикнати. Со некои од фудбалерите првпат сме заедно, но тренираме добро. Тест натпреварот со Саудиска Арабија ќе биде вистински предизвик за оваа селекција. Противникот заврши прв во групата во Азија за пласман на Светското првенство и навистина ќе биде тежок натпревар, пред се на физички план, бидејќи некои од нас сеуште се адаптираат на временските услови во Абу Даби. Работиме на анализа на противникот, имаме уште неколку заеднички тренинзи и се надевам дека одлично ќе одговориме на овој предизвик. Не се сомневам дека тактички ќе бидеме на високо ниво, стручниот штаб посветува големо внимание на тој дел од нашата игра за секој натпревар. Сметам дека ќе бидеме подготвени за добар натпревар“, изјави Дарко Велковски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
